Интерпол одби да издаде црвена потерница за Милорад Додик
Интерпол одби да издаде црвена потерница за претседателот на Република Српска, Милорад Додик, како и за претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ.
Додик се огласи откако беше објавено дека Интерпол одбил да издаде налог за него и Стевандиќ.
Само што бев повикан од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да ме извести дека добил известување од Дирекцијата на Интерпол дека жалбата на Србија е уважена и дека Интерпол го отфрлил барањето на Судот на Босна и Херцеговина да издаде црвена потерница за Ненад Стевандиќ, претседателот на Народното собрание на РС и за мене.
Благодарам на српскиот претседател Александар Вучиќ за неговата поддршка и јасна и принципиелна комуникација со Интерпол. Благодарам и на унгарскиот претседател Виктор Орбан, како и на претседателите на сите други земји кои поднесоа жалба, разбирајќи ја политичката позадина на правниот прогон на кој сум изложен“, изјави Додик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Килијан Мбапе итно хоспитализиран во САД
Реал Мадрид донесе одлука да го префрли…
Малку пари биле – Нотарите бараат зголемување…
Нотарите бараат зголемување на дел од тарифите,…
Усвоен ребалансот на буџетот, Владата ќе троши…
Владата го усвои предлог ребалансот на буџетот…
СДСМ го осудува насилството и сценаријата на…
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува…
„Скандинавскиот” премиер балкански манипулира – му порачаа…
Независните граѓански иницијативи ја искоментираа денешната изјава…