Инфантино: Најдобро СП досега
Ова е најдоброто Светско првенство (СП) во историјата на фудбалот, оцени денеска претседателот на ФИФА, Џани Инфантино на конференција за новинари во главниот прес – центар во Доха.
-Зад нас се 62 натпревари без инциденти, атмосферата беше одлична. Првпат екипи од сите континенти се пласираа во осминафиналето, прв пат жена судеше натпревар на СП. Се приближуваме и до границата од пет милијарди телевизиски гледачи, рече Инфантино.
Тој во своето воведно излагање изнесе и неколку бројки. Досега натпреварите во Катар ги гледале 3,27 милиони навивачи, или во просек 52.000, а најголема посетеност донел натпреварот меѓу Аргентина и Мексико – 88.966 гледачи.
Следното СП ќе биде за четири години во САД, Канада и Мексико со 48 репрезентации.
Форматот на натпреварување треба да биде 16 групи со по три репрезентации, но Инфантино најави и можност за промена на системот во 12 групи со по четири репрезентации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството…
Полицијата во американската среднозападна држава Минесота го…
Родители на починатите во пожарот во Кочани…
Родители на починатите во пожарот во клубот…
(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…
Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…