Инфлацијата во еврозоната се намалува, ама сепак е превисока!
И покрај фактот дека инфлацијата во еврозоната во февруари падна на 8,5 отсто, благодарение на остриот пад на цените на енергенсите, сепак таа е превисока, изјави претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.
Таа предупреди дека ЕЦБ се соочува со „зголемено ниво на несигурност“ и дека ќе преземе „пристап заснован на податоци“ во одредувањето на каматните стапки, објави британски „Гардијан“.
ЕЦБ ја зголеми референтната каматна стапка за половина процентен поен на состанокот минатиот четврток.
Лагард на денешната седница на Европскиот парламент се осврна и на случајот со банката „Кредит Свис“, велејќи дека ја поздравува брзата акција и одлука донесена од швајцарските власти.
Како што наведе таа, акцијата на швајцарската централна банка била инструмент за воспоставување на нормализирање на пазарните услови и обезбедување финансиска стабилност.
Лагард додаде дека ЕЦБ внимателно го следи развојот на пазарот и е „подготвена да одговори по потреба“ за да ја заштити ценовната стабилност и финансиската стабилност во еврозоната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инфлацијата повторно расте – храната поскапе, а…
Инфлацијата во Македонија во мај се искачи…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Просечната европска пензија во 2022 година била…
Пензиите се главен извор на приход за…
Кина: Го поддржуваме планот на Украина, Европа…
Кина го поддржува 30-дневниот прекин на огнот…
Џеј Ди Венс: САД и Европа се…
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денес изјави…