(Инфографик) Задолжена Македонија: „Вечните должници“ натрупале долг од милијарда и 240 милиони евра

t

Над една милијарда и 240 милиони евра должат државните и општински јавни претпријатија, како и општините низ Република Македонија, дознава Инфомакс од Министерството за финансии.

На листата на должници се секако „вечните“ должници Јавно претпријатие за државни патишта, Електрани на Македонија, МЕПСО, Пошта и МЖ транспорт.

Да почнеме со ред, најзадолжено е Јавното претпријатие за државни патишта со вкупен долг од 801.353.195,55 милиони денари. Таму моментално раководи поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, кој пред неколку денови изјави дека работата на претпријатието е консолидирана за рекордно кратко време. Како се консолидира вака задолжено претпријатие за неколку денови се уште не знаеме, меѓутоа нејасно е и како претпријатие кое месечно напраќа милиони од патарини има огромен долг од 801 милион евра…

 Во август годинава на патарините наплатени се 7.804.840 евра што претставува рекордна месечна наплата. Споредено со истиот месец минатата година наплатени се 241.329 евра повеќе, информира директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски.

Во минатата 2023 година на македонските патарини се наплатени вртоглави 1.454.587.856 денари, односно 23.651.835 евра.

Втора на листата е Развојната банка на Република Македонија со 231.990.240,61 евра. Развојна банка на Македонија АД Скопје е единствената развојна банка во Република Македонија основана со посебен Закон за основање на Македонска банка за поддршка на развојот на 21. мај 1998 година (Сл. весник на РМ бр. 24/98, 6/2000, 109/2005 и 130/2008). Во 2009 година е донесен новиот Закон за МБПР (Сл. весник на РМ бр. 105/2009), со цел подобрување на нејзината позиција и специфична улога на развојна банка во банкарскиот сектор и во стопанството на РМ. Заради истата цел, во април 2021 година, е донесен Закон за изменување и дополнување на Законот за Македонска банка за поддршка на развојот (Сл. весник на РМ бр. 77/2021).

РБСМ е акционерско друштво чиј основач и 100% процентен сопственик е Република Македонија.

По РБСМ на листата се Електрани на Македонија, или новото ЕСМ, кое должи 131.090.993,40 евра.

Веднаш зад нив е МЕПСО, кој важи за вечен должник, слично како и претпријатијата пред него. МЕПСО должи дури 25.503.519,62 евра. Прв братучед на вицепремиерот Изет Меџити, Бурим Љатифи, е назначен за нов директор на МЕПСО.

Министерството за транспорт и врски информираше дека како единствен акционер во АД МЕПСО ги има назначено Јован Лазарев, Зоран Тодоровски, Елизабета Гиовска, Симона Домазетовска Марковска, Агрон Рустеми, Звонко Бошков и Али Исмаиљ за членови на Надзорниот одбор.

Новиот Надзорен одбор на седница ги избрал и новите членови на Управниот одбор. Покрај директорот и заменик-директорот, нови членови на Управниот одбор се Сашко Лакински, Васе Јовевски, Анастасија Илиеска, Иван Иванов и Мартин Малиновски.

Следуваат Македонски Железници и Транспорт кои должат 17.589.628,63 евра. Таму моментално директор е Дејан Кошутиќ, кадар на првиот вицепремиер Иван Стоиљковиќ. Кошутиќ е поранешен заменик министер за транспорт и врски. Тој учествуваше во креирањето на законската регулатива за трансформација на железниците.

Следува Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје, со вкупен долг од 6.395.086,00 евра. Претходно градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска истакна дека ЈСП работи нормално и поркај блокадите од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ кои со месеци не го гласаат предлогот за набавување на нови еколошки автобуси. Арсовска истакна дека и самата Влада му должи на ЈСП околу 8 милиони евра за бесплатниот јавен превоз на студентите, за кои министерката Весна Јаневска не покажа желба за соработка, а изјави најпрво дека нема пари во буџетот на МОН, а потоа ја смени изјавата па кажа дека не постои договор врз основа на ко би можеле да се исплатат парите. Доколку Владата реши да си го врати долгот кон ЈСП, претпријатието ќе може да се отстрани од оваа листа на должници.

Следно во листата е М-НАВ, со долг од 4.105.972,10 евра. Од јануари М-НАВ има ново раководство. Претседател на Управниот одбор и извршен директор во Секторот за воздухопловна техника е Милан Кораќ, а Хекуран Асани нов член на управен одбор и извршен директор во Секторот за воздухопловна навигација.

Следни се Македонски Пошти кои исто така важат за вечни должници, а Владата секоја година одвојува средства за помош во работата на Пошти. АД Македонски Пошти има долг од вкупно 3.741.195,40 евра. Орхан Куртиши е назначен за нов генерален директор на АД Пошта.

Следно е АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор со вкупен долг од 3.460.462,13 евра.

По него следува Јавното претпријатие Комунална Хигиена со долг од 2.837.138,67 евра. КХС во неколку наврати апелираше општините и правните субјекти да си ги подмират долговите кои ги имаат кон претпријатието, а во листата на должници на КХС е и владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

ЈП Водовод и канализација должи вкупно 425.757,78 евра, а Јавното комунално претпријатие Тетово должи 214.063 евра.

Со најмал долг се ЈП Комуналец Кавадарци со 140.848 евра и ЈП Паркинг Кавадарци со 11.644 евра.

Како што стои во податоците кои ги добивме од Министерството за финансии, Градот Скопје има вкупен долг од 8.152.048 евра, Кавадарци должи 1.740.440 евра, Општината Центар должи 1.533.621 евра и Гостивар должи 98.165 евра.

Овие податоци, како што велат од Министерството се заклучно со 30.06.2024 година. Во последниот извештај на Министерството стои и вкупниот државен и јавен долг.

Согласно овие податоци, Македонија има 60,5% јавен долг во споредба со БДП.

Дека состојбата со финансиите е лоша секојдневно изјавуваат сите министри во Владата, а и премиерот Мицкоски, на кој тоа не му пречеше да потроши над 20.000 евра за патување во Вашингтон и Лондон бидејќи го болеле колената. Има и за нова помош за Украина, но нема за плати за наставниците, професорите, нема за 5.000 денари поголема пензија, нема за нови автопати, нема за повисока минисмална плата за работниците, зголемена социјална помош за социјалните случаи, нема ниту за поголеми стипендии за учениците…

Нема за што нема, ама важно за бизнис класа има, а народот нека крпи крај со крај секој месец. И да, ние нема да го вратиме овој долг, ќе го враќаат нашите правнуци…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На „Табановце“ зголемена фреквенција на возила и…

На граничниот премин Табановце за излез и…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Mицкоски: Ветивме милијарда, но сега ни се…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри зошто кога…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…