Инфомакс дознава: Заврши состанокот во ДУИ, договорени деталите околу состанокот на централното претседателство
До пред малку траеше состанокот во Мала Речица на кој се договараа деталите околу состанокот на централното претседателство кое треба да се одржи на 15-ти месецов.
Според информации на Инфомакс, состанокот поминал во конструктивна атмосфера, а од ДУИ за Инфомакс брифираат дека демократијата во партијата е на високо ниво и дека мислењата на сите членови се важни.
Состаноците се резултат на појавувањето на таканаречената „Огнена група“ која преку отворено писмо побара промени во партијата.
Во однос на отвореното писмо од групата членови на ДУИ, Османи рече дека во партијата има големо
ниво на демократија и секој може да го каже својот став, но дека последниот збор го има лидерот Али
Ахмети.
По односн на можни промени во Владата, секако, ќе има по оставката на Горан Милевски и предлогот на ЛДП за негов наследник во Министерството за локална самоуправа да биде Ристо Пенов, изјави пред неколку дена првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, додавајќи дека за какви било други промени останува да одлучат лидерите на политичките партии.
По изјавите на Груби и Османи следуваше и средба помеѓу претседателот на партијата Али Ахмети со членовите на „Огнената група“ која се чини дека успешно ја изгасна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Крешник Бектеши се огласи на „Фејсбук“ од…
Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, за првпат…
Цените на нафтата паднаа по неколкудневниот раст…
Цените на нафтата паднаа по неколкудневниот раст,…
АНБ лани се подновила со возила за…
Агенцијата за национална безбедност лани се подновила…
Пресуда за двојното убиство на Вања и…
Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни…
Истрага против две лица за тешката сообраќајна…
Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за…