Инфомакс дознава: Сопственикот на добитокот во Паланка и неговите ќерки одат во 8 дневен притвор
Инфомакс дознава дека сопственикот на 500тини крави кои ја тероризираа Крива Паланка и околината заедно со двете негови ќерки оди во притвор откако вчера се обиделе да ги спречи вработените во АХВ да им го одземат добитокот.
Претходно обвинителството соопшти дека Основното јавно обвинителство Крива Паланка поведе постапка против три лица за кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со ставовите 1 и 2 од Кривичниот законик.
Осомничените, татко и двете негови ќерки, како соизвршители на 2 декември, со сила и сериозна закана спречиле службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство со полициска асистенција да постапат по правосилно и извршно решение за спроведување мерки за одземање домашни животни – крупен добиток.
Јавниот обвинител, имајќи ја предвид опасноста од бегство, но и можноста за повторување на делото, до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за сите осомничени.
Според обвинителството, од нивното однесување произлегува дека и покрај сите досега преземени активности од голем број надлежни државни органи, осомничените сепак подолг временски период го малтретираат месното население и соседите, а сега започнуваат дејствија на спречување и спрема вработени во надлежни државни органи и инспекциски служби од Агенција на храна и ветеринарство, како и на униформирани полициски службеници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инфомакс дознава: Сопственикот на добитокот во Паланка…
Инфомакс дознава дека сопственикот на 500тини крави…
Бран протести низ Бугарија: Како одговор на…
Бугарија е во најголемата политичка криза во…
Во Центар автоматски систем ќе мери бучава…
Градоначалникот на Општина , Горан Герасимовски, соопшти…
Собранието формираше Анкетна комисија за четирите трагедии
Со 84 гласа „за“, без воздржани и…
„Време е за самоодбрана“: Сиљановска-Давкова бара ЕУ…
Додека официјален Брисел го засилува дипломатскиот притисок…