Инциденти во Солун: Полицијата употреби солзавец и шок бомби

Најмалку едно лице е уапсено, според локалните медиуми, во инцидентите што се случија пред Универзитетот „Аристотел“ во Солун кога група маскирани лица се судрија со полицијата, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации, грчката полиција интервенирала со солзавец и шок бомби откако била нападната со дрва и разни предмети пред делот од Универзитетот каде што се работи на изградба на библиотека, односно во простор што претходно, со години беше под опсада од анархисти.
Непознати лица, пред три дена влегоа во конкретниот простор и го вандализираа сето она што беше изградено во првата фаза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре во Солун минута молк за загинатите…
Со минута молк утре во 12 часот…
Тројца тешко повредени пациенти транспортирани во Солун
Првите три пациенти од Клинички центар кои…
Над милион патници се возеле со солунското…
Новата подземна железница во Солун, која се…
Голема акција на грчката полиција- во Солун…
Службеници на Дирекцијата за борба против организираниот…
На универзитет во Солун се говореше за…
За првпат се случува конференција на олку…