Инцидент во Романија: Полицијата го отстрани претседателскиот кандидат од гласачкото место
Романскиот претседателски кандидат и лидер на националистичката партија Алијанса за обединување на Романците, Георге Симион, и фаворитот на минатогодишните поништени избори, Калин Георгеску, беа изнесени од гласачко место во Могосоаја (предградие на Букурешт) од страна на полицијата. Симион и Георгеску сакаа да дадат изјави на гласачкото место веднаш по гласањето, но еден полицаец ги замоли да си заминат.
„Она што го направи е погрешно“, му рече Симион на полицаецот. Полицискиот службеник ги информирал политичарите дека јавните настапи се забранети на гласачките места, по што биле принудени да излезат во ходникот на училиштето, каде што се наоѓало гласачкото место. Откако го напушти гласачкото место, Георгеску им рече на новинарите дека гласал „за христијанска Романија“ и „семејни вредности“. Од своја страна, Симион рече дека гласале „за нашата иднина да ја одлучуваат само Романците, за Романците и за Романија“ и додаде дека гласал „против неправдите извршени врз романскиот народ… против злоупотребата и сиромаштијата“. Романија во недела одржува втор круг претседателски избори, на кои Симеон би можел да биде избран за претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД, Италија, Романија и Бугарија одржуваат голема…
Единици на САД, Италија, Бугарија и Романија…
Политико: Бугарија и Романија се клучните земји…
Европската комисија презентираше нова стратегија за Црното…
Инцидент во Романија: Полицијата го отстрани претседателскиот…
Романскиот претседателски кандидат и лидер на националистичката…
Силен земјотрес во Романија!
Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според…
Романскиот премиер поднесе оставка
Романскиот премиер Марсел Чолаку денес изјави дека…