Инцидент во Хаг: Поставено знамето на ОВК на Амбасадата на Србија

t

Денеска, за време на протестот на приврзаниците на ОВК во Хаг, неколку лица го поставија знамето на ОВК на влезот на Амбасадата на Србија и упатија навреди кон вработените на национална основа.

Според изјавата од Амбасадата за „Косово онлајн“, инцидентот се случил околу 16 часот кога пред зградата се паркирал автомобил, од кој излегле непознати лица, поставиле знаме на ОВК и потоа заминале.

Претставниците на Амбасадата веднаш го известиле дипломатската полиција, која земала изјави од вработените и ги забележала регистарските таблици на возилото. Амбасадата исто така најави дека ќе се покрене истрага и ќе се зајакне присуството на безбедносните служби околу зградата.

Според Амбасадата, на улиците на Хаг денес имало повеќе стотици луѓе и автомобили со знамиња на Албанија и ОВК, кои минувајќи покрај Амбасадата, упатувале различни навреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инцидент во Хаг: Поставено знамето на ОВК…

Денеска, за време на протестот на приврзаниците…

Страв кај Германците: 62% се плашат од…

Според најновата анкета, мнозинството Германци се загрижени…

18 листи со кандидати за градоначалник на…

Рекордни 312 листи на кандидати за градоначалници…

Двајца осомничени за тешка телесна повреда со…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

На пратеникот Сашко Јанчев од Левица му…

Судија на претходна постапка при Кривичниот суд…