Инцидент на Бензинска во Кавадарци: Приведена е ваташанка која со 1,95 промили алкохол во крвта дивеела во објектот

t

Полиција привела ваташанка, туркала предмети на Бензинска со 1,95 промили алкохол во крвта, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

Утрово, во 06:30 часот (сабота, 8 ноември 2025), полициски службеници од ОВР Кавадарци ја привеле Е.К. (28) од село Ваташа поради инцидент на бензинска станица во градот. Според СВР Велес, осомничената со недолично и дрско однесување кон вработените го нарушила јавниот ред и мир и туркала предмети во објектот. По интервенција на полицијата, таа продолжила со агресивно однесување и кон службените лица.

При преземените мерки, кај Е.К. биле измерени 1,95 промили алкохол во крвта.

Лицето е задржано во полициска станица, а по комплетирање на документацијата ќе биде поднесена соодветна пријава. До правосилна одлука важи претпоставката на невиност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инцидент на Бензинска во Кавадарци: Приведена е…

Полиција привела ваташанка, туркала предмети на Бензинска…

Четри лица физички се пресметале во угостителски…

По целосно документирање на случајот ќе следува…

Трамп: Парите од осигурителните компании треба да…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска предложи можен…

Најголемиот критичар на Кремљ предупредува: Подгответе се…

Најпознатиот руски опозициски критичар Михаил Ходорковски ја…

Курти: Или преодна влада до избори во…

Премиерот на Косово во технички мандат, Албин…