Инцидент на небото: Пилотите заспале, авионот го промашил аеродромот
Пилотите заспале, авионот го промашил аеродромот
Авионот на Етиопијан ерлајнс на летот од Судан до Етиопија пропуштил да слета затоа што двајцата пилоти најверојатно заспале во кабината
Инцидентот се случил на летот ЕТ343, кој превезувал патници од Картум до Адис Абеба на 15 август. Предупредувањето било подигнато кога авионот се приближил до аеродромот, но не почнал да се спушта. Додека контролата на летање се обидувала да стапи во контакт со пилотите, автопилотот на авионот го задржал авионот на височина од нешто повеќе од 10 километри.
Откако авионот ги прелетал дадените координати, во кабината се огласил автоматски аларм кој ги разбудил пилотите. Тие го приземјиле авионот 25 минути после тоа, пренесе РТС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тетовец нападнал полицаец во станица во Аеродром
На 14.06.2025 година во 19.50 часот во…
Нула нови градинки за 4 години во…
Изминаа речиси 4 години откако ВМРО-ДПМНЕ ја…
НАБАВИЛЕ ОПРЕМА ПО ДВОЈНО ПОСКАПА ЦЕНА! Афера…
Недобронамерници би рекле дека ова е криминал...…
70-годишна скопјанка нападната од сосед на полноќ…
70-годишна жителка на Скопје вчера пријавила во…
Насилник од Аеродром двапати ја нападнал сопругата,…
Завчера пред полноќ, жена од скопско пријавила…