ИНЦИДЕНТ НА ПУНКТОТ ЗА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ; Се струполил на земја додека чекал ред за фотографирање
Инцидент се случил утринава во пунктот на Министерството за внатрешни работи (МВР) кај полициската станица „Пролет“ кога му се слошило на еден повозрасен маж додека чекал ред за фотографирање за лични документи.
Како што сведочат граѓани, човекот одеднаш паднал во бесознание и се струполил на земја, по што била повикана Брза помош.
Екипата на Плусинфо разговараше со лекарите кои објаснија дека на пациентот му се слошило најверојатно поради долгото време поминато на нога.
– Сега е добар човекот, ништо страшно. Му се слошило, паднал на земја, но за брзо време го вративме во нормала. Знаете како е, стоел неколку часа на нозе, а и голема гужва е – ни изјави еден од лекарите во неформален разговор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српските возови добиваат бизнис класа
За околу година, година и пол, „Србијавоз“…
Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж…
Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска…
Судот одреди парична казна од 10 илјади…
Судот во Струга го прогласи за виновен…
Вредноста на синдикалната минимална кошница за два…
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во…
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…