Инцидент на саем во Диселдорф – огномет повреди најмалку 19 лица
Најмалку 19 лица се повредени во инцидент со огномет што се случи вчера вечерта на саем во Диселдорф, Германија, пренесува Н1 телевизија.
Меѓу повредените има најмалку едно дете, а четири лица се здобиле со сериозни повреди, соопшти рано утрово противпожарната служба во Диселдорф.
На местото на настанот биле повикани речиси 80 пожарникари и спасувачи.
Според информациите, еден од огнометите детонирал од непознати причини од прениска висина доцна вчера навечер.
Полицијата ја истражува причината, но верува дека станува збор за несреќа. Организаторите на најголемиот саем ги завршија свеченостите предвреме.
Во соопштението, тие изјавија дека длабоко жалат за несреќата. Портпаролот рече дека ќе размисли дали да ја продолжи традицијата со огномет следната година.
Саемот, кој го слави заштитникот на градот, Свети Аполинариус, започна на 11 јули и треба да продолжи до утре.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инцидент на саем во Диселдорф – огномет…
Најмалку 19 лица се повредени во инцидент…
Од огномет во двор во Батинци изгореа…
Огномет можеби предизвикал пожар во селото Батинци,…
Кога пуkaњето на огномет ќе тргне НАОПАКУ
Нова Година без омилените ракети и петарди?…
(Видео) Огномети го осветлија небото: Новата Година…
Жителите на островите Самоа, Тонга и Кирибати…