Иранките им пркосат на властите и излегуваат без хиџаб

Голем број Иранки излегуваат на улица без хиџаб во знак на пркос пред двегодишнината од смртта на Махсе Амини, која беше уапсена поради што и се гледаше косата под марамата.
Новиот реформистички ирански претседател Масуд Пезешкијан во предизборната кампања вети дека ќе ја спречи така наречената Иранска полиција за морал да ги вознемирува жените. Но, главен авторитет во Иран е врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, кој тврди дека „откривањето (на делови на женското тело) е забрането и верски и политички“.
Амини, Иранка со курдско потекло почина на 22 години во болница на 16 септември 2022 година, три дена откако беше уапсена од припадници на полицијата за морал поради непочитување на строгиот ирански кодекс на облекување и одведена во „центар за превоспитување“ каде беше претепана. Таа беше приведена бидејќи неправилно го носела хиџабот односно и се гледала косата.
Нејзината смрт предизвика повеќемесечни протести, кои се претворија во повици за бунт против ајатолахот Хамнеи и теократската Влада. Протестите се одржуваа под мотото „Жена, живот, слобода“. Во задушувањето на протестите загинаа над 500 луѓе, а повеќе од 22.000 беа приведени.
Независна меѓународна мисија за проверка на факти на Обединетите нации за Иран на 18 март годинава објави дека смртта на Амини е незаконска и предизвикана од насилство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На барање на САД Ирак го запира…
Ирак денеска ќе го запре увозот на…
Иран ги одби САД: Техеран нема да…
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи…
Русија е подготвена да посредува меѓу САД…
Москва смета дека Вашингтон и Техеран треба…
САД воведоа санкции против шест субјекти од…
Соединетите Американски Држави воведоа санкции против шест…
(Видео) Во Иран жена го соблече хиџабот…
Сензација предизвикува снимката од моментот кога жена…