Објавено на:

Иранскиот МНР им се закани на САД: Нема да ве поштедиме

t

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан, говорејќи на Генералното собрание на ОН, им се закани на Соединетите Американски Држави.


„Отворено ќе им кажам на американските државници кои сега го насочуваат геноцидот во Палестина дека не го поздравуваме ширењето на војната во регионот. Но, ако продолжи геноцидот во Газа, тогаш тој пламен нема да ги поштеди“, рече министерот, пренесе Ројтерс.


Во последните денови Вашингтон ја зајакна одбраната на американските објекти на Блискиот Исток во пресрет на нападите на проиранските групи. Иран го поддржува шиитското движење Хезболах во Либан, кое водело неколку војни со Израел.
Во интервју за агенцијата Тасним, Абдолахиан посочи дека на Генералното собрание на ОН има намера „да го претстави ставот на Исламската Република Иран во однос на настаните во регионот (Блискиот Исток).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Бела куќа: Иран би можел да произведе…

Иран би можел да произведе нуклеарно оружје…

Нетанјаху: Израел има капацитет да ги уништи…

Израел може да ги погоди сите нуклеарни…

Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…

Израел очекува одлука на САД за приклучување…

Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…