Иран бара одземање на нуклеарното оружје од Израел
Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан ги повика Советот за безбедност на ОН и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да преземат итни мерки за разоружување на Израел.
„Изјавата на израелскиот министер дека треба да се користи атомската бомба ја покажува вистинската неспособност на режимот да се спротивстави на отпорот. Советот за безбедност на ОН и Меѓународната агенција за атомска енергија мора да преземат итна акција за разоружување на овој варварски и апартхејд режим. Утре ќе биде доцна. Целосната одговорност за овој геноцид е на Белата куќа“, напиша Абдолахиан на социјалната мрежа Х, коментирајќи ги зборовите на екстремно десничарскиот министер за наследство Амихаи Елијаху кој рече дека постои можност за нуклеарен напад врз Појасот Газа.
Изјавата на Илијаху ја осуди и Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати.
„ОАЕ најостро ги осудува срамните и неприфатливи изјави на министерот во израелската влада Амихаи Елијаху во врска со фрлањето нуклеарна бомба врз Појасот Газа“, се вели во соопштението.
ОАЕ ги сметаат неговите зборови „поттикнување на сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право и воени злосторства“, сметаат дека употребата на нуклеарно оружје е неприфатлива и повикува на прекин на огнот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
Бела куќа: Иран би можел да произведе…
Иран би можел да произведе нуклеарно оружје…
Нетанјаху: Израел има капацитет да ги уништи…
Израел може да ги погоди сите нуклеарни…
Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…