Објавено на:

Иран: Бугарија да не дозволува американски авиони на своја територија

t

Иранското Министерство за надворешни работи испрати нота до бугарската амбасада во Техеран, во која ја повикува Софија да се воздржи од какви било активности во поддршка на САД, вклучително и дозвола на американски авиони да бидат стационирани на аеродромот „Васил Левски“, објавија бугарските медиуми.

Според предупредувањето, Техеран го задржува правото да ги преземе сите потребни мерки за заштита на својот суверенитет, објавува „Новините“.

„За жал, и покрај изјавите на бугарските власти дека распоредувањето на неколку авиони – танкери на меѓународниот аеродром „Васил Левски“ е дел од планирана воена вежба, како и присуството на дванаесетте американски воени авиони, тие се користат за поддршка и полнење гориво на бомбардерите во заедничката американско-ционистичка агресија против Република Иран“, се вели во иранското соопштение.

Иран недвосмислено посочи дека ќе ги штити своите национални интереси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран: Бугарија да не дозволува американски авиони…

Иранското Министерство за надворешни работи испрати нота…

Трамп вели дека сериозно размислува да го…

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека сериозно…

Мицкоски: Следбениците на Живковизмот во Бугарија денеска…

„Следбениците на Живковизмот во Бугарија денеска слават…

ЕУ предупредува дека цените на нафтата и…

Зголемените цени на нафтата и гасот во…

Хегсет: САД се „справуваат“ со руските и…

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет истакна…