Иран ги повика земјите-членки на ОИК да воведат санкции и нафтено ембарго за Израел
Земјите-членки на Организацијата за исламска соработка (ОИК) треба да воведат санкции кон Израел, вклучително и ембарго на нафта, како и да ги протераат израелските амбасадори, повика иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахиан.
„Очекуваме исламските земји кои имаат дипломатски односи со ционистичкиот режим веднаш да ги прекинат односите и да го протераат израелскиот амбасадор од нивната земја“, рече Амирабдолахиан во клип емитуван на државната телевизија во Иран. „Второ, извозот на нафта во земјата на Израел и секој проект што постои меѓу која било исламска држава и Израел мора веднаш да се запре“ – истакна тој.
Во саудискиот град Џеда денеска се одржува итен состанок на ОИК на кој ќе се разговара за израелско-палестинскиот конфликт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
Бела куќа: Иран би можел да произведе…
Иран би можел да произведе нуклеарно оружје…
Нетанјаху: Израел има капацитет да ги уништи…
Израел може да ги погоди сите нуклеарни…
Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…