Објавено на:

Иран го поддржа мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија

t

Министерството за надворешни работи на Иран го поддржа мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан, постигнат со посредство на САД, со кој двете земји ставаат крај на повеќе од 30-годишниот конфликт.

Техеран, како што е наведено во соопштението на министерството, „го поздрави финализирањето на текстот на мировниот договор меѓу двете земји“ во Вашингтон, а потоа изрази загриженост за негативните последици од можна странска интервенција во близина на заедничките граници.

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, и премиерот на Ерменија, Никол Пашињан, вчера потпишаа мировен договор во Белата куќа, со кој заврши 30-годишниот конфликт меѓу двете земји, а нивни домаќин беше американскиот претседател Доналд Трамп.

Двете земји се согласија за отворање на главниот транзитен коридор наречен „Трампова рута за меѓународен мир и просперитет“, објави Белата куќа. Тоа наводно ќе ги поврзува Азербејџан и неговиот автономен регион Нахчиван, на барање на Баку.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран го поддржа мировниот договор меѓу Азербејџан…

Министерството за надворешни работи на Иран го…

Се запали автобус на ЈСП

На 08.08.2025 во 19:53 часот СВР Скопје…

Гаши ги распиша локалните избори на 19…

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ги…

Од заедничкиот буџет сме дале плус 180…

Бројот на пензинери на крајот од минатата…

МВР за насилството на началникот во Демир…

Во однос на реакциите на јавноста поврзани…