Иран: Енергетските објекти во земјите со американски бази ќе станат „легитимни“ цели, ако Трамп ги оствари заканите
Иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан, изјави дека заканите и „теророт“ против Иран само дополнително ја обединуваат земјата, откако Трамп се закани дека ќе ги нападне иранските енергетски постројки, ако Ормутскиот теснец не биде целосно отворен.
Во објава на X, Пезешкијан рече дека Иран „решително ќе се соочи со заблудните закани на бојното поле“.
Тој додаде дека Ормутскиот теснец е „отворен за сите, освен за оние што ја нарушуваат нашата територија“.
Иранската револуционерна гарда се закани дека целосно ќе го затвори стратешкиот Ормутски теснец доколку Трамп ги оствари заканите.
Во соопштението, Револуционерната гарда, исто така, изјави дека компаниите со американски сопственички удел ќе бидат „целосно уништени“ доколку Вашингтон нападне ирански енергетски објекти. Тие, исто така, предупредија дека енергетските објекти во земјите каде што се наоѓаат американски воени бази ќе станат „легитимни“ цели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран: Енергетските објекти во земјите со американски…
Иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан, изјави дека заканите…
Русија ќе има корист од долга војна…
Володимир Зеленски кажа дека се плаши од…
Странци точат до 150.000 литри гориво секој…
Владата засега нема да воведува ограничувања за…
Трамп со ултиматум до Техеран: Отворање на…
Само ден откако америкаснкот претседател Трамп најави…
(Фото) Гори куќа во Маџари
Дирекцијата за заштита и спасување потврди дека…