Иран тврди, Ормутскиот Теснец е отворен за сите
Заменик-министерот за надворешни работи на Иран изјави дека клучниот воден пат, Ормутскиот Теснец, е отворен, за сите, па дури и за бородовите кои пловат под американско знаме.
Говорејќи за британската телевизија ITV News, Саид Хатибзаде рече дека иако теснецот е отворен, цивилните пловни објекти мора да побараат насоки од иранските власти за безбедно да поминат низ теснецот.
Таа насока е потребна бидејќи Иран поставил морски мини во водниот пат, заедно со други мерки што Иран ги презеде за време на војната, кои сè уште се на сила, рече тој.
Хатибзаде додаде дека Иран располага со мапи на минираните области за да се обезбеди безбеден премин на бродовите.
-Мора да бидеме многу внимателни за безбедноста и сигурноста на танкерите и другите пловни објекти. Овие технички ограничувања се тесно поврзани со воените услови и потребно е време за да бидат отстранети, за да се обезбеди безбеден премин. Ормутскиот Теснец е отворен, но секако секој танкер и секој брод треба да ги направи потребните договори со иранските власти за да може безбедно да помине низ теснецот, изјави Саид Хатибзаде, заменик-министер за надворешни работи на Иран.
Но, одредени извештаи велат дека Иран дека заедно со Оман ќе наплаќа такса за премин на бродовите низ Ормускиот теснец за време на двонеделниот прекин на огнот. Според извештаите, Иран бара надомест од 2 милиони долари по брод за безбеден премин низ стратешкиот воден пат, низ кој минува приближно една четвртина од глобалната поморска трговија со нафта. Ова не му се допаѓа на Доналд Трамп.
-Иран прави многу лоша работа, нечесна би рекле некои, кога станува збор за дозволување на нафтата да поминува низ Ормутскиот Теснец. Тоа не е договорот што го имаме, изјави претседателот на САД, Доналд Трамп.
Откако беше објавено дека САД и Иран се договориле за двонеделно примирје, цената на нафтата на светските берзи вртоглаво падна. Сепак, откако стана јасно дека тензиите околу Ортмутскиот теснец остануваат, повторно почнаа да се качува.
-Април ќе биде многу полош од март. Зошто? Ќе ви објаснам? Во март сè уште имаше достава на нафта и гас, останати во морето пред војната, доаѓаа на пристаништата, во земјите и натаму носеа нафта, течен гас и друго. Во март значи имавме бенефит од тоа. Во април, нема ништо од ова, изјави Фатих Берол, шеф на меѓународната агенција за енергија.
Со оглед на тоа дека испораките кои се направени во март, полека се трошат, кризата со недостиг на нафта, пред сè во Европските земји почнува да се чувствува. Таа криза секако дека ќе се прелее и во Македонија. Но, доколу биде договорен траен мир, ценовните шокови би завршиле до крајот на годинава.
-Во услови на спречување на ескалации, во услови на брзо завршување на конфликтот, ценовниот ефект којшто ќе го видиме релативно ќе биде ограничен. Во таква ситуација очекуваме дека евентуалното прелевање коешто ќе го видиме во извесна мера ќе го видиме во следните месеци, ќе заврши се релативно брзо, тој ценовен шок во таква ситуација би завршил до крајот на оваа година, изјави Марјан Петрески, универзитетски професор.
Според професорот Петрески, во секое друго сценарио ценовните шокови би биле поголеми и би се прелеале дури и во следната година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран тврди, Ормутскиот Теснец е отворен за…
Заменик-министерот за надворешни работи на Иран изјави…
ЕУ бара итен прекин на огнот во…
Европската Унија упати итен апел за запирање…
Преговори Иран – САД во Исламабад
Иранска делегација пристигна во Исламабад на посредни…
Кувајт ги обвини Иран и неговите сојузници…
Кувајт го обвинува Иран и неговите сојузници…
Иран објави насоки за пловидба како да…
Бродовите што планираат да поминат низ Ормутскиот…