Иран: Ќе стоиме покрај Палестина до нејзиното конечно ослободување
Воениот советник на врховниот лидер на Иран, Рахим Сафави, рече дека Иран ја поддржува операцијата Ал-Акса, што ја започна Хамас и ќе застане рамо до рамо со палестинските борци до „конечното ослободување на Палестина и нејзиното главно светилиште, Ерусалим“.
„Ние ја поддржуваме таа операција. Ќе стоиме рамо до рамо до целосното ослободување на Палестина и Ерусалим, исто како што зад нив стојат големите маченици како Касем Сулејмани“, рече тој.
Во исто време, Сафави изрази уверување дека операцијата е поддржана од Фронтот на отпорот. Да потсетиме, центарот и југот на Израел се под силен ракетен оган од Газа, а се верува дека загинале најмалку 22 лица, а најмалку 300 се ранети. Израелската армија објави дека започнала антитерористичка операција во Појасот Газа наречена „Железни мечеви“. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел е во воена состојба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…
Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…
Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…
Израел е на пат кон остварување на…
Ова се најбогатите држави во светот, а…
БДП по глава на жител е груба…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Жена од Липково ја удрило струја додека…