Исмаил: Владата наместо за НАТО и САД да даде пари за автобуси и ЈСП да функционира нормално

t

Точно дека денешната точка е за денешната состојба, но ние не можеме да се одвоиме од тоа како е дојдено до сегашната состојба поради тоа што причинско-последични се состојбите кои настануваат. Јас тука ќе кажам дека јавно го оспорувам приватниот интерес и ова е доказ дека е мит дека приватизацијатата на јавните услуги ќе донесе нешто подобар квалитет и подобар живот, истакна на денешната седница на Советот на Град Скопје советникот од редовите на Левица, Реџеп Исмаил.

– Оттука мислам дека не треба градот да биде заложник на проватните интереси, а според мене решението е прилично едноставно, а тоа е Владата наместо за НАТО и САД да одвои пари за да купи автобуси и така шоферите кои моментално возат автобуси, а не ги исполнуаат стандардите на Градот Скопје, да преминат во ЈСП и така ЈСП ќе има капацитет да дава услуга која е на ниво и да има подобар превоз од сега, истакна Исмаил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ