Исмаил: Компромисот одамна е веќе прифатен – сега само му се бира дизајн на опаковка!

t

Став на Реџеп Исмаил – Хактан
Со новата идеја на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за „заедничка резолуција“ со Бугарија, веќе е јасно како бел ден: Компромисот со неоврховистичките и сулуди анти-научни барања од Софија одамна е прифатен, а сега се бара само најбезболниот начин да се сервира пред македонската јавност; најмалку штетна математика. Слично како со промената на името – и тогаш ДПМНЕ, на чело со Груевски, играше со истата “тактика”, само што не ја најдоа политичко-популистичката формула за да го спроведат она задуклисно е прифатено ама што јавно го одбиваа.

Секако, само политички наивњјак може се уште да верува дека ова е процес „пуштен во лер“, односно дека ВМРО-ДПМНЕ самостојно ги предлага ваквите “решенија”. Ова е строго координирано сценарио, во договор со т.н. стратешки партнери од ЕУ и НАТО и нивните домашни политички потрчковци. Кај нас одамна веќе поставувањето на суверенитетот како врвна вредност на демократијата е сомнителна реторика. Наместо тоа, се е спакувано во “интегрирани политики”, “споделена безбедност” и кованици од типот на “усогласување со заеднички вредности”

Затоа, научната и интелектуална фела не смее да застане тука – на овој, верувам, првичен успех да ги одврати вмровците од нивните намери. Не смее да се третира ова само како политичко прашање.

Време е за јасна и решителна граница на отпорот:

Раскинување на Договорот со Бугарија,
Повлекување од т.н. Француски предлог,
И итно распуштање на Меѓувладината комисија за историски и образовни прашања.
Инаку, секој следен обид за “национално помирување” ќе значи уште едно национално заебување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Исмаил: Компромисот одамна е веќе прифатен –…

Став на Реџеп Исмаил – Хактан Со…

„Претседателот е бесен“: Белата куќа е фрустрирана…

Расположението во Белата куќа е на најниско…

Апел од граѓани на Кочани за „нелегален,…

На социјалните мрежи се шири Апел од…

За 24 илјади денари никој не сака…

Рокот за пријавување на овој повик завршува…