Исмаил: Можете ли да замислите рускиот амбасадор да излезе со изјава дека Охридскиот Рмаковен договор ја прави државата нефункционална?

t

Бурни реакции во јавноста предизвикаа денешните изјави на евроамбасадорот Гир и американската амбасадорка Агелер по повод нивното посочување дека уставните измени треба да се случат час поскоро за државата да напредува кон Европската Унија.

Членот на Президиумот на Левица, Реџеп Исмаил, на Фејсбук упати порака до политичкиот “врв” дали можат да замислат ситуација каде рускиот амбасадор во Македонија посочува дека Охридскиот Рамковен договор создава нефункционална држава и тоа треба да биде променето.

– Можат ли либтардите да замислат хипотетичка ситуација каде амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, ќе излезе со изјава дека Уставот на Македонија, со одредбите од Охридскиот Рамковен Договор, државата ја прави нефункционална и трибалистички поделена, оттука, Македонија мора тоа да го промени во насока на тоа дека со Уставот не треба да се препознаваат колективни права по етничка припадност, ами граѓанско-политички права на индивидуата, без разлика на нејзината етничка, религиозна или расна припадност?

Можат секако, но не им дава камшикарот да мислат – им ги зауздил дури и промислите! – напиша Исмаил на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ