Исмаил: Нели бе Бујар малку е срамота, омаловажувачки и навредливо е ти да одлучуваш за тоа што Македонците мислат, смеат и како се себе-дефинираат во однос на Бугарите?!
Бујар Османи, Министер за надворешни работи на Македонија, кој доаѓа од партија која вршеше терористички напади над македонските безбедносни сили со изговорот дека албанците во Македонија биле обесправени, иако – за разлика од македонците во Бугарија – тие ги имаа сите права загарантирани со конвенции во ОН.
Крајно лицемерно и нечовечки е Бујар Османи да НЕ се заложи за добивање на истите тие права на македонците во Бугарија какви што албанците ги уживаат тука во Македонија. Чак што више, Бугарија (заедно со Албанија) беше земја сојузник на Хителр, поразена во Втората светска војна, од тој аспект, далеку пооправдана е историски и морално-етичката позиција на македонскиот народ во Бугарија, отколку на албанскиот во Македонија.
Ама не, Бујар Османи не сака да се заложи ни основни парава да добијат македонците во Бугарија. Тој, во својот анти-македонизам дури оди два чекори напрет, во име на македонскиот народ, потпишувајќи дека Македонија нема малцинство во Бугарија и дека македонското малцинство во Албанија е уствари Бугарско.
Бујар Османи, најден во небрано и притеснет од здравата свест, основен морал и личен интегритет, се сврти кон стариот добар алат за кршење на отпорот против империјалистичките и анти-македонски тенденции во Македонија, а тоа се меѓу-етничките тензии. Не знам дали Бујар со тоа се закани или предупреди, но сеедно, затоа што меѓуетничките тензии се хранети со дезинтеграивни политики и анти-македонски наратив на албанските партии (без исклучок сите албански партии), што впрочем е причина зошто сеуште ги има и бдеат како опасност.
Да шоку Бујар, може да има меѓуетнички тензии, но тоа ќе биде само поради тоа што вие продолжувате Македонија и македонскиот народ да ги користете како дел од инструментот за задоволување на имперјиалистичките намери и апетити на НАТО блокот; и понатаму се продолжува со истата пракса како и до сега – секоја политичка одлука на македонскиот народ, која не одговара и не се вклопува во агендата за експанзија на албанскиот национализам на балканот, ја третирате како „прашање за правата на албанците“?! Ако од национален интерес на албанците е да бидат дел од ЕУ и НАТО, не може тоа да биде по секоја цена наметнато и на македонците.
А ти, не само што сакаш да го наметнеш тоа, туку и учествуваш во анти-македонските дејствија и намери на трети страни – претходно Грција сега Бугарија. Зарем не е, пред се НЕ-КОМШИСКИ и крајно НЕПРИЈАТЕЛСКИ, токму ти да се залагаш за, и во име на целиот македонски народ да декларираш дека: – Во Бугарија нема Македонци; – Македонците во Албанија се Бугари; – Македонскиот јазик е бугарско наречје и тој нема континиум од пред неговото кодифицирање; – Дека илинденците се бугари; – Дека дејаниата и делата од областа на образованието и културата кои имаат содржина која на Бугарија не и се доапаѓа ќе мора да се менуваат; – Дека ќе треба да направиме „декомунизација“ на македонското општество, што е само маска за откинување на силните врски кои ги имаат македонскиот народ и српскиот; – Дека учебниците, образованието и знаемнитостите ќе мора да се по терк на „протоколот“, односно Договорот за добрососетсво и истите ќе бидат под испекциски надзор на сеоја година преку институцијата дефинирана во Предлогот како „годишни прегледи“;
Нели бе Бујар малку е срамота, омаловажувачки и навредливо е ти да одлучуваш за тоа што македонците мислат, смеат и како се себе-дефинираат во однос на бугарите?! Уште па и ти покажуваш такво недостоинство што застануваш на другата страна, на негаторската страна кон македонскиот народ?! Пластично Бујар ти го правиш следново: Седиш ти така касно во ноќта на тераса и пушиш тутун после метафизичко насладување од поезијата нa Наим Фрашери, и здогледуваш крадец кој дошол пред портите на комшијата. Се шутка крадецот лево десно, не може дупка да најде за да влезе, а ти, така лабаво, му даваш знак сугерираќи му во која саксија се наоѓа клучот!
ЛИНК од Фејсбук статусот на Реџеп Исмаил од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Османи не го потврди доаѓањето на Лавров…
Прашан дали имаат комуникации со Кабинетот на…
Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…
За тврдењата на албанската опозиција дека во…
Османи: Европската агенда на Македонија мора да…
Враќањето на проширувањето на агендата на Европската…
Османи: СДСМ и ДУИ ќе кандидираат заеднички…
„Како никогаш досега, општеството е поларизирано по…