Исмаил: Штајнмајер има функција за шетање по трето-класни земји како Македонија – Зошто никој не праша дали имаат малцинства и бадентер во Германија?!

t

Портпаролот на Левица, Реџеп Исламил, на Фејсбук вели дека никој не го праша германскиот претседател Штајнмајер дали во Германија има малцинства, дали имаат универзитети со настава на нивните јазици, имаат ли бадентер за вработување во администрација и слично…

Во продолжение објавата на Реџеп Исмаил:

– Ова е некојси Штенмајер, претседател на Германија (не зе возбудувајте, таа функција е само за шетање во трето-класни земји како Македонија).

Е овој Штајне, вчера дошол у Македонија и нашиве со фанфари го пречекале, чак му дале да се обрати во народното Собрание?!

А овој пак, ни едно ни две, кажал дека Македонија треба бугаринот уставно да го предвиди.

Туку зборот ми беше за медиумите – кои се, какви се и кому служат – ниту еден не го праша колку малцинства има во Германија бе бате Штенмајер? Дали се во уставот тие; имаат ли факултети на свој јазик каде си делат дипломи по рамковен; двојазични-тројазично-четиријазични униформи и локална самоуправа има ли таму; бадентер услови за запослување во оркестар на филхармонија предвидуваат ли?…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ