Испливаа нови детали од судењето: Братoт на Ивана се сомнева дека друг пишувал од нејзиниот телефон пред самоубиството

t

Нови и застрашувачки детали излегоа на виделина на денешното рочиште за случајот со мајката и ќерката од Тафталиџе. Александар Стојановски, брат на починатата, откри дека семејството забележало невообичаена комуникација од телефонот на Ивана, што кај нив разбудило сомнеж дека некој друг ги испраќал пораките во нејзино име, особено за време на оставинската постапка за имотот на нивниот татко.

Братот тврди дека Ивана поседувала докази на својот телефон за криминалните активности на обвинетиот, но се плашела да ги предаде.

Обвинетиот наводно барал пари и се заканувал дека ќе го запали имотот на мајката на Ивана.

Од почетокот на 2025 година, Ивана престанала да праќа фотографии од ќерката и го променила однесувањето.

Семејството не ги пријавило заканите во полиција надевајќи се дека Стојанче ќе заврши во затвор за претходен случај со дрога, што за Ивана би значело слобода.

Сведокот посочи дека Ивана се сомневала оти станот е префрлен на име на сопругот без таа воопшто да се појави кај нотар.

На денешното рочиште сведочеа и наставничката на малата Катја, како и сосетка од зградата, кои треба да помогнат во расветлување на атмосферата во домот пред кобниот 2 март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Испливаа нови детали од судењето: Братoт на…

Нови и застрашувачки детали излегоа на виделина…

Ленче Ристоска поднесе оставка: „Не гледам простор…

Ленче Ристоска поднесе оставка од обвинителката функција…

Медиуми: Водител на поткаст и претседател на…

Секторот за компјутерски криминал при БЈБ и…

Во еден ден прегазени тројца пешаци –…

МВР информира дека вчера околу 12:00 часот…

Израелскиот министер за одбрана вели дека ќе…

Министерот за одбрана на Израел повторно му…