Историјата се повторува – еднаш како трагедија, вторпат како гротеска: Цуцуловски со бpилијантен коментар за ставовите на Трифонов

t

НАРЕДНИОТ ЧЕКОР Е…? Зачудувачка е историјата на Бугарија, особено во 20-от и 21-от век. Пред некој ден Слави Трифонов, лидер на партијата/движење „Има таков народ“, им постави услов на своите сратешки партнери САД – или укинување на визниот режим за Бугарија или за Македонија нема дозвола за почеток на разговорите со ЕУ. Така, САД се „наоѓаат“ пред „сериозен“ избор: да попуштат или да го доживеат тоа што го доживееја на 13.12.1941 година, кога Царска/Нацистичка Бугарија им објави војна. Малку ѝ беше тоа, туку во истиот ден објави војна и на Обединетото Кралство, гордо пеејќи „Ний ще литнем срещу Англия/Ќе полетаме против Англија.” Не полета против овие земји, туку тие (1943/1944) полетаа над Бугарија (види ја приложената фотографија), бомбардирајќи ја.

Маркс, следејќи го Хегел, бил блиску до вистината, кога тврдел дека историјата се повторува – еднаш како трагедија, вторпат како гротеска.

П.С. Дали се работи за смислена игра, во која Трифонов е само марионета, времето ќе покаже, како што ќе покаже чија марионета е: на Запад, кој сака вината за стопирањето на разговорите со ЕУ да ѝ ја припише на Бугарија или своја заслуга има и вековниот двоен освободител (двойният освободител) односно Русија, која преку својата творба од 19-от век се обидува да ја доразниша ЕУ, која веќе и така се тресе од сопствените проблеми, пишува универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски на својот Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечно добри вести: Двајца од повредените кои…

Двајца од повредените во пожарот во кочанската…

Повеќе од 600 ЛУЃЕ во Бугарија дарувале…

Нема значителна промена во општата состојба на…

Бугарија: Преку 500 луѓе досега дале крв…

Над 500 граѓани во Бугарија досега дарувале…

Таравари од Бугарија: Двајца пациенти се екстубирани…

Двајца од жртвите во пожарот во Кочани,…

Пациентите од Кочани пренесени во Бугарија се…

Тешка е состојбата на настраданите од трагичната…