Истрага за кривични дела од омраза, уцени и изнуди: Стаменковски ноќва ќе ја помне во станица
Во претресот на домот на сопственикот на порталот “Доказ”, Марјан Стаменковски, кој трае неколку часа одземени се неколку мобилни телефони и лаптопи.
Како што дознава Инфомакс од извори во ОЈО Скопје се работи за истрага по кривични пријави против Стаменковски за ширење омраза, уцени и изнуда и уште неколку други кривични дела.
Неофицијално Стаменковски ќе биде приведен во полициската станица во Карпош каде ќе ја помине ноќта, а изутрина ќе биде изведен пред судија на претходна постапка кој треба да одлучи дали ќе определи мерка за обезбедување на присуство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апелација го ослободи Марјан „Доказ“ за обвинението…
Апелациониот суд го ослободил Марјан Стаменковски од…