Објавено на:

Истрага за обид за убиство и загрозување на сигурноста за скопјанецот што им се закануваше со оружје на сопругата и децата

t

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид), а против него поведена е и постапка за – Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

На 1 март, во семејниот дом, во присуство и на друго лице, при вршење семејно насилство, тој со умисла се обидел да ја лиши од живот својата сопруга. Тој извадил пиштол што го поседувал со дозвола, го репетирал и испукал еден куршум, кој поминал покрај оштетената, се одбил од паркетот и завршил во прозорецот. Потоа се симнал на долниот кат и на двете ќерки им кажал дека пукал во мајка им. Тие заедно до оштетената си заминале од домот.

На 5 март осомничениот повторно пред двете деца се заканувал со пиштолот на сопругата, со намера да ги вознемири и да ги заплаши.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и постапката, како и опасност да го доврши убиството кое се обидел да го стори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истрага за обид за убиство и загрозување…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…

Кавадарчанец измамен за 4.900 евра

На 05.03.2026 во 13:30 часот во ОВР…

Вчера лишени од слобода 15 возачи поради…

Во текот на вчерашниот ден (27.02.2026), полициски…

Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, лишено од…

Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, лишено од…

Скопјанец насилно ограбен во Аеродром

Скопјанец вчера бил насилно ограбен во скопски…