27 годишник набавувал и поседувал фотографии и видео записи од детска порнографија
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија согласно член 193-а став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик.
Осомничениот, сега на возраст од 27 години, одреден период набавувал и поседувал фотографии и видео записи детска порнографија кои ги зачувал на својот мобилен телефон и таблет. Материјалите во форма на фотографии и видеа на кои биле прикажани очигледни полови дејствија со деца ги прибавувал од други лица преку различни интернет апликации, веб страници и форуми.
Со цел негово обезбедување во текот на постапката, јавниот обвинител предложи да му бидат определени повеќе мерки на претпазливост, кои вклучуваат забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, одземање на патна исправа, повремено јавување во Судот, но и забрана да користи какви било интернет апликации на мобилни телефони и други уреди, како и забрана да одржува какви било контакти со лицата со кои преку интернет профили во странство разменувал детска порнографија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Откриено што Клинтон му кажал на Путин…
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон, за време…
27 годишник набавувал и поседувал фотографии и…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…
Moрален распад во живо во емисија: Миленикот…
Главниот уредник на ТВ Информер, Драган Ј.…
ЦУК: Утрово 8 активни пожари на територија…
Изминатото деноноќие, до седум часот утрово, на…
САД работат на организирање состанок меѓу Нетанјаху…
Соединетите Американски Држави работат на организирање состанок…