Истрага за убиството во Бардовци: Спасов се гони за убиство, а се бара и притвор – се проверува и како се спроведувало лекувањето во психијатриската болница од каде излегувал, а и објавувал насилни снимки

t

Основното јавно обвинителство Скопје отвори кривична постапка за убиството што се случи во Психијатриската болница „Скопје“ – Бардовци, каде што 36-годишниот Димитар Спасов, хоспитализиран поради претходно убиство, со стаклено шише усмртил друг пациент. Настанот, што се случи по наводна кавга за легло, ја вознемири јавноста и ги отвори прашањата за (не)функционалноста на системот за задолжително психијатриско лекување.

Како што соопштија од Обвинителството, против Спасов се води постапка за кривично дело – Убиство по член 123 став 1 од Кривичниот законик. Поради опасност од повторување на делото или сторување ново кривично дело, јавниот обвинител доставил предлог за определување мерка притвор. Дополнително, ќе се бара и целосна документација за досегашниот третман на осомничениот, вклучително и како се спроведувала мерката на задолжително лекување.

„Скопје1“ објави дека Спасов – кој во 2012 година беше прогласен за непресметлив откако ја уби својата мајка – подолго време бил гледан како слободно се движи низ Ѓорче Петров, па дури и седи по кафеани. Полицискиот надзор му бил повлечен по одлука на правосудни органи, по што се враќал и излегувал без контрола од болницата.

На социјалните мрежи имал активни профили и споделувал насилни снимки – на една од нив, повикува друго лице на тепачка, а на друга дава насоки како да се претепа пациент. Сведочења од вработени наведуваат и закани, малтретирање, алкохол во установата и поплаки кои, очигледно, не довеле до заострување на надзорот.

Жртвата, пациент со иницијали И.Т., беше пронајдена мртва во собата на Спасов, каде напаѓачот и по настанот останува сместен. Телото е дадено на обдукција.

Овој случај ја отвори јавната дебата за третманот на опасни пациенти во психијатриските установи, прашањето на надзор, пристап до алкохол, интернет и социјални мрежи, но и одговорноста на институциите кои дозволиле лице со такво досие да се движи меѓу граѓани – сè додека не уби повторно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истрага за убиството во Бардовци: Спасов се…

Основното јавно обвинителство Скопје отвори кривична постапка…

Америка го отфрли планот за анексија на…

Соединетите Американски Држави нема да ја поддржат…

Реакција од фон дер Лајен за средбата…

ретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Премиерот на Камбоџа го номинира Трамп за…

Премиерот на Камбоџа потврди дека го номинирал…

Нетанјаху: Израел ќе ја преземе контролата врз…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел…