Истрага против дилер на кокаин од Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 22-годишник неовластено заради продажба кај себе држел 98,98 грама наркотична дрога – кокаин, спакувана во една полиетиленска паковка. Дрогата била откриена на 21 декември, кога полициски службеници се обиделе да го запрат возилото со кое управувал осомничениот пред Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Тој не застанал и со автомобилот продолжил да се движи. По претходна слушната објава по радио врска, автомобилот го забележал и сопрел друг полициски службеник на булеварот „ВМРО“. Притоа, осомничениот се обидел да го фрли пакувањето со дрога во средишната жардињера од булеварот и да побегне, но бил спречен во намерата и приведен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…
Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…
(Возневирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани,…
Гробиштата во Кочани се прошируваат за да…
Снег на Стража, Буково, Ѓавато и Пресека,…
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…
Ден на жалост во Србија поради трагедијата…
Најмалку 59 лица загинаа, а повеќе од…