Истражна постапка против 24-годишен дилер на дрога од Грчец

t

Основното јавно обвинителство Скопје спроведува истражна постапка против 24-годишниот жител на Грчец кој вчера беше уапсен бидејќи пренесувал марихуана во својот автомобил.

Полициски службеници, во вечерните часови на 14 април, се обиделе да го запрат автомобилот со кој управувал осомничениот на клучката Стајковци. Но, тој не постапил според дадената звучна и светлосна сигнализација за запирање, ја зголемил брзината движење и се дал во бегство. Во еден момент, од возилото фрлил најлонска вреќа која содржела над 1,2 килограми наркотична дрога – марихуана, информира ОЈО Скопје.

Во еден момент, од возилото фрлил најлонска вреќа која содржела над 1,2 килограми наркотична дрога – марихуана. Набрзо потоа тој го запрел автомобилот, бил легитимиран и уапсен. При преглед на возилото помала количина марихуана била најдена и меѓу двете предни седишта на автомобилот. Во исказот даден пред јавен обвинител денес осомничениот признава дека неовластено ја поседувал марихуаната од која се обидел да се ослободи на наведениот начин.

Во исказот даден пред јавен обвинител денес осомничениот признал дека неовластено ја поседувал марихуаната од која се обидел да се ослободи на наведениот начин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истрага за 46-годишен скопјанец, дилер на дрога!

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…

Продавал половина грам за 2.500 денари: Истрага…

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за…

Претрес во Охрид, приведен е дилер

На 08.08.2024 во 14.00 часот во Охрид,…

Обвинение за пет лица во предметот „Грчец“:…

По спроведена сеопфатна истражна постапка што се…