Објавено на:

Истрели во воздух, закани со нож – вооружена група тинејџери нападнала друга во Ченто, родители бараат засилено присуство на полицијата

t

Жители на населбата Ченто, видно вознемирани по инцидентот кој се случил пред нивната зграда, се загрижени за безбедноста на своите деца кои биле нападнати без никаква причина од нивни врсници кои седеле во кафуле во близина. Нападнатите успеале да дотрчааат до својата зграда и покрај тоа што биле за цело време удирани со тупаници. Сепак, едно дете успеало да ја отвори влезната врата и да ги повика на помош своите родители. Стравуваат за своите деца, затоа што напаѓачите користеле и огнено оружје. Родителите веднаш притрчале надвор и како што велат затекнале група насилници.

„Потоа излеговме надвор јас, мојата сопруга и мојата ќерка и на лице место затекнавме група од повеќе насилници и повеќето од нив кога видоа дека излегуваме избега кон угостителскиот објект, а едниот уште го држеше, го имаше приклештено во ќошот од влезот едно момче и го удираше со тупаници и боксови. Веднаш реагиравме, го одвоивме насилникот од момчето и се обидов да го смирам, да го задржам со порака до него да биде смирен додека да дојде полиција. Во исто време, се слушаат пукотници од угостителскиот објект, два-три истрели, се виде силуета со пиштол како пука и претпоставувам дека тоа беше за да го пуштиме насилникот. Сепак успеавме да го задржиме и тогаш дојде еден од останатите насилници со ножот во рака и почна да замавнува кон моето семејство, мојот син и мојата сопруга“, изјави родител на едно од нападнатите деца.

Со цел да го заштитам своето семејство, го ослободив и групата напаѓачи се даде во бегство, вели еден од родителите на нападнатите момчиња. За кусо време пристигнала и полициска екипа, по што биле однесени во полициска станица да дадат исказ. Министерството за внатрешни работи (МВР) интензивно работи на расчистување на случајот.

„На 26.06.2024 година, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го привеле Д.Ш. (18) од Скопје, поради извршено кривично дело „насилство“, предвидено и казниво по член 386 од КЗ. На 25.06.2024, околу 23 часот на ул. „Среќко Пужалка“ на територија на Гази Баба, тој и уште четири лица физички и со остар предмет ги нападнале М.М. (18) и уште еден малолетник, двајцата од Скопје. На М.М. и малолетникот на помош за да ги одбранат им дошле Д.А. (54) и С.А. (52), по што еден од напаѓачите испукал три куршуми во воздух. Од страна на ЕНК поднесена е кривична пријава по брза постапка до ОЈО, против Д.Ш. за кривично дело „насилство”“, информираат од МВР.

Нашите деца живеат во страв и не сакаат никаде да одат сами, велат станарите. Бараат постојано присуство на полицијата со мапирање на места кои се ризични.

„Апелирам и до родителите на сите деца од сите етнички заедници, еве јас се ставам како родител, повеќе да внимаваме на нашите деца. Да се избегнат вакви ситуации, затоа што децата се крајно исплашени и може да се случи натамошна ескалација на ситуацијата“, вели друг родител.

Во меѓувреме, од обвинителството ни одговорија дека досега е откриен еден осомничен 18-годишен тинејџер. По предлог на обвинител му се определени четири мерки – за претпазливост, забрана за напуштање на престојувалиште – градот Скопје, одземање на пасошот, повремено јавување во суд, а добил и судска забрана за приближување и воспоставување контакт со оштетените и нападнатите лица. Се трага по останатите насилни тинејџери, сè уште не е откриен ниту оној што пукал со пиштол во воздух, ниту пак е најдено момчето кое со нож се заканувало на врсниците и нивните родители пред домот на нападнатите во Ченто.

Извор: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фијаско за Макрон

По победи екстремно десничарската партија Национален собир…

Димитриеска Кочоска: Оделе во Брисел по 30…

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во…

(Видео) Браво: „Мојата Македонија’’ ја отпеја малиот…

,,Тие се многу гостољубиви и срдечни, многу…

МВР со АПЕЛ до граѓаните: Има лажни…

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста…

Полиција уапси маж со марихуана во Горно…

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција…