Италијанец сам си „закрпил“ дупка на неговата улица, го казниле 900 евра и треба пак да отвори дупка

t

Пензионер од Италија е казнет откако самоницијативно пополнил дупка во асфалтот на улицата пред неговиот дом, јавуваат локалните медиуми.

72-годишниот Клаудио Трента од Барласина кај Монца одлучил сам да ја „закрпи“ дупката, но поради тоа добил казна од локалните власти и морал да плати 882 евра. Освен тоа, тој треба и да ја врати улицата „во првобитна состојба“.

Приказната на социјалнте мрежи ја сподели токму пензионерот, по што ја пренесоа бројни медиуми од Италија.

„Претходно ги имав известено локалните власти дека има проблем на патот, но видов дека никој ништо не презема и одлучив сам да го поправам патот. На 26 април ја санирав штетата, а на 10 мај добив парична казна“, вели тој.

Трента добил известување дека е казнет бидејќи го прекршил Законот за патишта. Во документот се наведува дека тој е должен да ја врати улицата во првобитната состојба, што практично значи дека треба да отвори дупка. Пензионерот вели дека нема намера да ја плати казната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

САД, Италија, Романија и Бугарија одржуваат голема…

Единици на САД, Италија, Бугарија и Романија…

КФОР им додели медали на војници од…

Свечена церемонија за доделување медали на војници…

(ФОТО) Италија воодушевена од акцијата на припадник…

Италијанските карабинери објавија информации за херојскиот потфат…

Тага во Италија по смртта на папата:…

По веста за смртта на папата Франциско,…