Италијанската премиерка за Маск: Тој е брилијантен човек, имаме многу добри односи
Италијанската премиерка, Џорџа Мелони го бранеше американскиот милијардер Илон Маск од критиките од другите европски метрополи, опишувајќи го како брилијантен човек во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“ објавено денеска.
„Тој е голема фигура на нашето време, извонреден иноватор кој секогаш ја има на ум иднината“, рече таа.
Лидерката на екстремно десничарската партија „Браќата на Италија“ проговори и за нејзиниот личен однос со основачот на Тесла, велејќи дека тие имаат многу добри односи.
„Ние двајца дефинитивно имаме многу добри односи. Тој е брилијантен човек и секогаш е многу интересно да се работи со него“, рече таа.
Од победата на Трамп на претседателските избори во САД, Маск се повеќе се обидува да влијае на политиката во Европа преку изјави на различни канали. Меѓу другите коментари, тој го нарече германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер „тиранин“, а канцеларот Олаф Шолц „будала“.
Сега има повици од различни страни да се ограничи неговото влијание.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…