Италијанскиот министер за одбрана: Разговарајте со Путин!
Италијанскиот министер за одбрана Гидо Кросето денеска ги повика западните земји повеќе да се вклучат во преговорите со рускиот претседател Владимир Путин за дипломатско решение за ставање крај на војната во Украина.
Крозето за „Месаѓеро“ изјави дека економските санкции што Западот ги воведе кон Русија не ги дале очекуваните резултати, односно не ги спречиле руските сили да продолжат со нападите врз Украина.
Крозето истакна дека единствениот начин да се стави крај на војната во Украина е да се вклучи Путин во преговорите, пренесува Ројтерс.
Тој, сепак, ја бранеше одлуката на Италија да продолжи да испраќа оружје во Украина, велејќи дека помошта за Киев има за цел „да се купи време“ и да се создадат услови за прекин на огнот.
Крозето тврди дека, доколку руските војници го окупираат Киев, тоа „неизбежно ќе доведе“ до конфликти со други земји кои, како што наведе, нема да прифатат руски тенкови на своите граници.
Италијанскиот министер рече дека лично го предупредил украинскиот претседател Владимир Зеленски дека украинската контраофанзива минатото лето е осудена на неуспех поради воената супериорност на Русија, но дека Зеленски не ги послушал неговите совети, пренесува RT Balkan.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…
Гром удри на плажа во Италија, најмалку…
Најмалку три лица се повредени денеска, од…
Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…