Италијански весник: И на Балканот и во Македонија има џихадисти!
Италијанските тајни служби откриваат што се тоа „Балкански лавови“.
На Балканот сега дејствуваат 20 џихадистички ќелии, а целта им се терористички напади низ Европа, предупредуваат италијанските разузнавачки служби, а пренесува весникот „Ил Темпо“. Тие претставуваат, како што се наведува, „инкубатор на безбедносни закани“ за цела Европа.
Повеќето од овие групи се на територијата на Косово, Албанија и Босна и Херцеговина, но ги има и во Црна Гора, Србија и Македонија.
Италијанскиот весник „Ил Темпо“ пишува дека овие ќелии постојат околу две години, но во последно време, особено од почетокот на војната во Израел, се забележува нивна нешто поголема активност.Тие се повратници од Сирија и Ирак, но постојано регрутираат нови лица, како и мигранти кои минуваат по оваа балканска рута.
Инаку, ИСИС и Ал Каеда повикаа на напади против израелски и американски цели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…