Италија забранува користење на странцизми: Казните се и до 100.000 евра, целта да се заштити италијанскиот јазик
Италијанците кои користат англиски и други странски зборови во официјалните комуникации би можеле да се соочат со казни до 100.000 евра според новата легислатива воведена од партијата “Браќата на Италија” на премиерката Џорџа Мелони.
Фабио Рампели, член на долниот дом на пратеници, го воведе законодавството, кое е поддржано од премиерот.
Иако законодавството ги опфаќа сите странски јазици, тоа е особено насочено кон „Англоманија“ или употреба на англиски зборови, за кои нацртот се наведува дека „го понижува и повредува“ италијанскиот јазик, додавајќи дека е уште полошо бидејќи Велика Британија повеќе не е дел од ЕУ.
Предлог-законот, кој допрва треба да излезе на парламентарна расправа, бара секој што има функција во јавната администрација да има „писмено и усно знаење и владеење на италијанскиот јазик“. Тој, исто така, забранува употреба на англиски јазик во официјалната документација, вклучувајќи „акроними и имиња“ на работните улоги во компаниите кои работат во земјата.
Странските ентитети ќе мора да имаат изданија на италијански јазик на сите внатрешни прописи и договори за вработување, според нацрт-законот до кој дошол CNN.
„Тоа не е само прашање на мода, бидејќи модата поминува, туку англоманија има реперкусии за целото општество“, се вели во нацрт-законот.
Првиот член од законодавството гарантира дека дури и во канцелариите што работат со странци кои не зборуваат италијански, италијанскиот мора да биде примарен јазик што се користи.
Членот 2 ќе го направи италијанскиот „задолжителен за промоција и користење на јавни добра и услуги на националната територија“. Ако не се стори тоа, може да се изрече казни меѓу 5.000 евра (5.435 долари) и 100.000 евра (108.705 долари).
Според предложениот закон, Министерството за култура ќе формира комитет чија надлежност ќе вклучува „правилна употреба на италијанскиот јазик и неговиот изговор“ во училиштата, медиумите, трговијата и рекламирањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија отвора камп за мигранти од Италија
Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп…
Гром удри на плажа во Италија, најмалку…
Најмалку три лица се повредени денеска, од…
Силен земјотрес ја погоди јужна Италија!
Земјотрес со јачина од 5 степени според…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…
Венецијанските власти планираат двојно зголемување на таксата…
Како што најавуваат градските власти на Венеција,…