Италија: Зеленски лично го предупредивме лани, контраофанзивата беше грешка
Италијанскиот министер за одбрана изјави денеска дека економските санкции наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да направи повеќе за да преговара за дипломатско решение со претседателот Владимир Путин за да се стави крај на војната во Украина.
Гвидо Крозето за весникот „Ил Месаџеро“ изјави дека Западот погрешно верувал дека санкциите може да ја запрат руската агресија и го прецениле своето економско влијание во светот.
„Наместо тоа, единствениот начин да се реши таа криза е сите да бидат вклучени, прво да се воспостави примирје, а потоа мир“, рече Крозето.
На забелешката на новинарот дека Путин не покажал волја за преговори, Крозето одговори дека „тоа е добра можност да се обидеме повеќе“.
„Не смееме да пропуштиме ниту еден дипломатски пат, колку и да е тесен“, посочи тој.
Крозето, сепак, ја бранеше одлуката на Италија да продолжи да испраќа оружје во Украина со цел „да се обезбеди време и услови за постигнување прекин на огнот и мир“.
Тој исто така предупреди дека во случај Русија да го окупира Киев, „тоа неизбежно ќе доведе до конфликт со други земји кои нема да прифатат руски тенкови да се наоѓаат на нивните граници“.
Тој ја нарече минатогодишната украинска контраофанзива грешка со оглед на воената супериорност на Русија и рече дека лично го предупредил украинскиот претседател Володимир Зеленски дека таа е осудена на неуспех, „но тој не бил слушал“.
Италија во моментов претседава со групата Г7.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија отвора камп за мигранти од Италија
Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп…
Гром удри на плажа во Италија, најмалку…
Најмалку три лица се повредени денеска, од…
Силен земјотрес ја погоди јужна Италија!
Земјотрес со јачина од 5 степени според…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…
Венецијанските власти планираат двојно зголемување на таксата…
Како што најавуваат градските власти на Венеција,…