Италија не ги признава возачките дозволи со „Северна“

t

Италија не ги признава возачките дозволи со „Северна“. Македонците таму исправени пред нов предизвик – може да ги преведат старите возачки, но не и новите, објави ТВ Сител.

Македонецот Дејан Кутаноски кој година и половина живее во регионот Венето добил предупредување од тамошните власти дека има рок од една година да се снајде и да обезбеди возачка со Република Македонија, во спротивно нема да може да управува возило

„Од септември 2024 јас останувам без возачка дозвола или треба да преполагам од ново, од почеток да преполагам, теорија, пракса се. Околу 1.800 – 2.000 евра кошта возачката дозвола“, вели Кутаноски за Сител.

Ги контактирал и македонските и италијанските власти. Но и двете страни си ја префрлаат топката.

„Прво се обративме во македонскиот конзулат во Венеција. Оттаму ни рекоа дека се работи на проблемот, ама за подобри информации јавете се во амбасадата во Рим. Од амбасадата во Рим ни кажаа дека се работи на проблемот и дека се чека потпис од италијанската влада“, вели Кутаноски.

Но, италијанските власти имаат своја верзија. Тие им кажале дека проблемот е во Скопје и дека МНР се уште ги нема известено дека во Македонија се користат нови возачки дозволи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

САД, Италија, Романија и Бугарија одржуваат голема…

Единици на САД, Италија, Бугарија и Романија…