Италија ја враќа нуклеарната енергија од која се откажа во 80-тите години

t

Владата на Италија го направи првиот чекор кон одлуката за враќање на земјата кон нуклеарната енергија, речиси 40 години откако таа беше забранета на референдум, јавува „Фајненшал Пост“.

– Владата усвои уште една значајна мерка која ќе обезбеди чиста, сигурна, евтина енергија која може да ја гарантира енергетската безбедност и стратешката независност, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони по владината седница.

Министерот за енергетика Џилберто Пикет Фрате претходно изјави дека е предвидено процесот да биде завршен до крајот на 2027 година. Тој најави и дека Италија преговара со неколку компании, помеѓу кои и американската енергетска групација „Вестингхаус“ и француската фирма „ЕДФ“ како потенцијални партнери на италијанската компанија поддржана од државата, која ќе ги гради напредните реактори во Италија.

Италија планира да користи напредни модуларни реактори за да произведе одржлива нуклеарна енергија и да ги декарбонизира нејзините најзагадувачки индустрии. Владата проценува дека земјата ќе заштеди 17 милијарди евра од трошоците за декарбонизација на економијата до 2050 година, кога нуклеарната енергија би сочинувала најмалку 11 отсто од енергетските извори. Според националниот енергетски и климатски план, учеството може да се зголеми на 22 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД, Италија, Романија и Бугарија одржуваат голема…

Единици на САД, Италија, Бугарија и Романија…

КФОР им додели медали на војници од…

Свечена церемонија за доделување медали на војници…

Жељазков: Евтината енергија е услов за подобар…

Премиерот на Бугарија, Росен Жељазков присуствуваше на…

(ФОТО) Италија воодушевена од акцијата на припадник…

Италијанските карабинери објавија информации за херојскиот потфат…

Тага во Италија по смртта на папата:…

По веста за смртта на папата Франциско,…