Објавено на:

Итна седница на Советот за безбедност на ОН по соборувањето на Мадуро

t

Советот за безбедност на Обединетите нации треба да се состане во понеделник откако САД ја нападнаа Венецуела и го соборија од власт нејзиниот долгогодишен претседател Николас Мадуро, потег што генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го смета за поставување „опасен преседан“, јавува Ројтерс.

Колумбија, поддржана од Русија и Кина, побара состанок на 15-члениот совет, соопштија дипломати. Советот за безбедност на ОН се состана двапати – во октомври и декември – поради ескалацијата на тензиите меѓу САД и Венецуела.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш претходно изрази загриженост поради тоа „што не се почитувало меѓународното право“ кога е во прашање американското апсење и одведување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, пренесе неговиот портпарол.

Гутереш смета дека американската операција претставува „опасен преседан“, поради што „ги повика сите актери во Венецуела да се ангажираат во инклузивен дијалог со целосно почитување на човековите права и владеењето на правото“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Итна седница на Советот за безбедност на…

Советот за безбедност на Обединетите нации треба…

Советот за безбедност на ОН ќе одржи…

Советот за безбедност на Обединетите нации ќе…

Глобалните трошоци за храна продолжуваат да се…

Цените на храната на светските пазари продолжија…

ОН: На секои десет минути жена е…

ОН вчера соопшти дека минатата година речиси…

Нетанјаху го поздрави усвојувањето на резолуцијата на…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го поздрави гласањето…