Итна седница на Советот за бeзбедност на Албанија поради кризатa со Русија и Украина
Албанскиот претседател Илир Мета, кој е и врховен командант на вооружените сили, попладнево одржа итна седница на Советот за национална безбедност, на која станало збор за последните случувања на границата меѓу Украина и Русија.
Во тој контекст и за последиците од натамошната ескалација на можна агресија врз суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Посебен акцент исто така е ставен на евакуацијата на албанските државјани кои се во Украина, во случај на потреба, како и гаранција за државните резерви.
-Претседателот Мета посебно ја нагласи неопходноста од идентификување и одржување контакти со албанските државјани кои привремено престојуваат во Украина и овозможување нивна евакуација во случај на потреба, продолжување на безбедносните и одбранбените реформи, зајакнување на капацитетите против кибер напади, преземање мерки за зголемување на безбедноста на стратешката инфраструктура и гарантирање на државните резерви во секој случај, како и следење, со максимално внимание, на случувањата во нашиот регион, стои во соопштението од претседателскиот кабинет.
Се додава дека Мета и членовите на Советот за национална безбедност потврдиле дека Албанија и како членка на НАТО и непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, е на страната на Украина, во одбрана на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет.
Албанија, нагласено е на средбата, го промовира дијалогот и решавање на актуелната криза по мирен пат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…