Иџе ќе им оддаде почит на жртвите во Кочани, ќе вози со црна боја на својот автомобил
Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефаноски-Иџе во наредните трки низ Европа ќе настапува со црна боја на својот автомобил во знак на почит на жртвите во трагедијата во Кочани.
Трагедијата во Кочани донесе болка во целата земја и сите на свој начин оддават почит на настраданите.
Задниот дел на автомобилот на Иџе ќе биде обоен во црна боја.
„Црна боја на моето возило со кое ќе настапувам на трките низ Европа како знак на почит кон оние што ги загубија животите во оваа страшна несреќа. Ова не е само боја – ова е порака на сочувство, солидарност и поддршка за нивните семејства и најблиски. Некои победи се на патеката, но вистинските победи се кога сме заедно во тешките моменти“, објави Иџе.