И Бислимоски потврди: Извесно е дека ќе се врати дневната евтина тарифа
-Некаде во февруари најавивме дека ќе направиме анализи за воведување евтина тарифа во текот на денот. Тоа го правиме затоа што има промена на пазарот на струја во европа. Има изградба на големи површини со фотоволтаици и тоа помогна да се намали цената на електричната енергија. Со можноста за евтина тарифа во текот на денот сакаме да испратиме порака до ЕСМ и ЕВН дека има услови за тоа. Исто така ќе се испрати порака до другите учесници во електричниот пазар во земјата да ги користат фотоволтаиците, вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетија и водни услуги (РКЕ) во СТУДИО 10 на ТВ 24.
-Минатата сабота во 13 часот имавме цена од 1,68 евра за мегават час. Овој тренд на паѓање на цените ќе продолжи. Оваа недела кога имавме полошо време се покачи цената на над 100 евра но и тоа е далеку од оние цени од пред шест месеци. Идејата ни е она што се случува на пазарот да се преслика кај потрошувачите. Ќе видиме колку ќе биде таа евтина тарифа, а сигурно ќе биде поевтина од првиот блок, и во кој период од денот ќе биде, вели Бислимоски.
Бислимоски вели дека е битно какви се состојбите со броилата на граѓаните, а Електродистрибуција ќе треба да ги сетира броила.
-Апсолутно сум задоволен од тоа како ја поминавме грејната сезона. Добро е што барем сега падна снег за да ни се подобри хидрологијата, вели Бислимоски додавајќи дека не се случи онаа апокалипса со енергетскиот систем како што некои стравуваа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…