И брат да ми е: МВР апелира за фер и спортско навивање, било какви навреди ќе бидат најстрого санкционирани
Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани и членови на навивачки групи да ги бодрат своите спортски миленици, но да навиваат спортски, исклучиво во спортски дух, без говор на омраза, без било какви навреди по лична, етничка, верска или било која друга припадност што не соодветствува на спортски натпревари и е спротивно на законот.
-Во врска со кошаркарскиот натпревар што се одржа на 02.08.2025 во Спортската сала во Куманово, во СВР Куманово веќе се повикани неколку осомничени лица со кои што е извршен службен разговор, и по извршени анализи во координација со ОЈО Куманово ќе бидат преземени конкретни законски мерки против инволвираните лица, вклучително и кривични постапки. Денеска, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.М. (30) од Куманово, кој се сомничи дека на полувреме од кошаркарскиот натпревар се обидел да внесе транспарент со навредлива содржина. По целосно расчистување на случајот против него ќе следи соодветен поднесок, информира МВР.
Во тој контекст, МВР уште еднаш нагласува дека во рамки на обезбедувањето на мирни и непречени спортски натпревари, полицијата ќе биде крајно ригорозна по однос на било какви нарушувања на јавниот ред и мир, односно било какви навредливи скандирања врз база на национална, етничка или верска припадност и тоа ќе биде најстрого санкционирано, без никаква толеранција. Само спортското фер навивање и бодрење може да ни донесе успеси, победи и спортски радости.
xx
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И брат да ми е: МВР апелира…
Министерството за внатрешни работи апелира до сите…
Кривични пријави против петмина по разоткриена мрежа…
Царинската Управа поднела кривични пријави против пет…
Ѓаволот добива милионски тендери. Полицијата го „бара“…
Осомничен за злосторничко здружување и финансиски криминал,…
(Видео) „Призма“: МПЦ-ОА oснова уште една фирма…
Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА)…
Држава во распад: Сеизмолошките станици низ државава…
Од почетокот на 2026 година, Сеизмолошката опсерваторија…