И бурекот и јогуртот треба да поевтинат, потсетува ДПИ

t

Одлуката за ограничување на профитните маржи на трговците до 10 отсто ги опфаќа и бурекот и јогуртот и белите печива, потсети на денешната прес-конференција директорот на Државната пазарна инспекција, Горан Трајковски, откако граѓани се пожалиле дека нема поевтинување на бурекот и белите печива.

Имаше такви дилеми, но бурекчилниците се опфатени со одлуката за ограничување на маржата, и тоа според Законот за трговијата, член 3. Денес, инспекторите прават контроли во маркетите, утре се предвидени контроли на трговците на мало и на бурекчилниците, а задутре ќе ги контролираме трговците на големо. Трговците на големо ќе ги контролираме на крајот за да им оставиме време да ги потрошат резервите. Во одлуката за ограничување на маржата влегува и јогуртот, рече Трајковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И бурекот и јогуртот треба да поевтинат,…

Одлуката за ограничување на профитните маржи на…

Почнала да прави печива на 5 години:…

На Јутјуб каналот „Lovac na ukuse“ објавено…

Ја покачила цената на бурекот и на…

Сопственичка на ресторан за брза храна од…

ВНИМАВАЈТЕ! Поради неусогласена концентрација на афлатоксини се…

Од Агенцијата за храна и ветеринарство соопштуваат…